Каталонска машинерија – Барса ја заврши сезоната со 60 победи на 60 натпревари!

Новиот европски шампион Барселона оваа сезона одигра дури 62 средби, но две од нив беа заостанати од сезоната 2019/20, па нема да ги сметаме во вкупниот биланс.

Каталонците под водство на Чави Пасквал забележаа дури 60 триумфи на 60 натпревари во пет натпреварувања.

34 победи од 60 вкупно, беа во Асобал лигата, една во Супер Купот на Шпанија, три во Купот на Кралот, а две во Асобал Купот.

Преостанатите 20 триумфи се во Лигата на шампионите, од кои 14 во групната фаза, а шест во осминафиналето, четвртфиналето и завршниот турнир.

За следната сезона, Барса ја очекуваат многу промени, бидејќи заминува иконата Раул Ентрериос, кој стави крај на кариерата, а тренерот Пасквал исто така нема да седи на каталонската клупа. Дресот на европскиот шампион нема повеќе да го носат ниту Сорендо, Доленец, Пасквал, Мелер и Палмарсон.