Кастратовиќ: Во ваква ситуација со корона, најдобро варијанта е ривал од Хрватска

Екипата на Металург денеска го очекува својот ривал за 1. квалификациско коло од Лигата на Европа, а веќе е познато дека во игра се пет екипи.

Ждрепката може да ги донесе составите на: ХРК Горица (Хрватска), Спачва Винковци (Хрватска), Ѓинѓиш (Унгарија), Констанца (Романија), ЦСКА (Русија).

„Во оваа ситуација кога имаме полудиригирана ждрепка гледаме на противникот од поинаков агол. Би било добро да добиеме тим кој е поблизу и нема да треба да патуваме многу. Секако би било добро да добиеме некој од тимовите од Хрватска“, вели тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ.

Според рејтингот кој го има во Лигата на Европа, екипата на Металург ќе има шанса за добра ждрепка во вториот круг. Сепак, прво ќе мора да го одработи добро двобојот од 1. квалификациско коло, па потоа да се размислува за следниот ривал.

Ждрепката е денеска од 11 часот.