Карбеска, Илиева и Николовски дел од ЕХФ шампионатот во Македонија

Покрај женската младинска репрезентација, Македонија ќе има уште тројца свои претставници на ЕХФ шампионатот што започнува денеска.

Станува збор за судиската двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева, кои ќе ја делат правдата на некои од натпреварите во СЦ „Јане Сандански“.

Покрај нив, дел од официјалните лица на овој шампионат ќе биде и делегатот Ацо Николовски.

Македонија го започнува настапот на ЕХФ шампионатот со натпреварот против Босна и Херцеговина, кој е на програмата вечерва од 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.