Карачиќ и колегите порано од предвиденото стануваат шампиони на Полска?

Најдоцна до понеделник се очекува да биде позната судбината со натпреварите во најсилната лига во Полска. Се очекуваат позитивни вести околу развојот на настаните со Корона вирусот, но очигледно бројката не оди според очекувањата односно нема намалување туку постојан пораст, па веќе се размислува за преземање на мерки.

Водечките луѓе на Ракометната федерација на Полска веќе се решени да преземат мерки односно да го прекинат натпреварувањето. Сметаат дека нема да бидат создадени услови навреме и дека нема да има можност за доигрување на сите натпревари кои останаа.

Оттаму најверојатно за шампион ќе биде прогласен актуелниот лидер, а тоа е екипата на Келце така што за очекување е овој тим.

Сепак, за ова ќе треба да има согласност од сите екипи. Со оглед на тоа што не е можно собирање на претставниците на клубовите туку мора сето ова да биде завршено по телефонски пат останува до понеделник да се чека за дефинитивна одлука.

Засега не е јасно уште каква ќе биде одлуката, но голема е веројатноста Карачиќ и колегите да дојдат порано од предвиденото до трофејот.