Карачиќ и Душебаев сменија спорт, станаа кајакари (ФОТО)

Поранешните ѕвезди на Вардар, а сега ракометари на Келце, Игор Карачиќ и Алекс Душебаев имаат интересен старт на подготовките.

Покрај тоа што одработеа неколку тренинзи во сала имаа можност да пробаат како е да се биде кајакар бидејќи заедно со колегите имаа ден за прошетка по езеро на кајак.

Како се снајдоа можете да видите низ фотографиите во продолжение објавени на Инстаграм профилот на тимот на Келце.