Карачиќ во душата е вардарец: Глава горе момци, ќе дојде вашето време! (ФОТО)

Вардар го забележа шестиот пораз во десет натпревари оваа сезона во најелитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите.

Поранешниот вардарец Игор Карачиќ турка добро со новиот Келце, но македонскиот шампион се уште му е во срцето.

По поразот од Веспрем тој се огласи на социјалните мрежи.

„Кога ќе биде најтешко и најважно, тогаш ќе биде вашето време. Главата горе“, напиша Карачиќ.