Карасманакис: Австрија беше анализирана до најситен детал, сите игравме мотивирано и со срце!

Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше против Австрија со 29-22 во второто коло од главната рунда и ќе игра за пласман од 9 до 12 место на Мундијалот во Хрватска.

Еден од столбовите на одбраната на Македонија, Валентин Карасманакис, вели дека Австрија била анализирана до најситен детал.

„Австрија ја анализиравме до детал овие два дена, плус имаме играно со нив и ги познаваме доволно. Сите дадовме 100% како колектив, сите игравме мотивирани и со срце и дојдовме до убедлива победа, во која бевме сигурни. Ќе се подготвуваме уште повеќе за дуелите што ни претстојат и посакуваме да го освоиме деветтото место. Можеме да кажеме дека ова беше успешен настап за Македонија иако имаме уште за играње“, вели Карасманакис за 24Ракомет.

Македонија ја очекува задутре средба со Унгарија од 20:00 часот во Копривница, а потоа уште еден натпревар со победникот или поразениот од средбата меѓу Чешка и Саудиска Арабија.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!