Капитенот останува уште една сезона: Чантурија верен на Прилеп

Еден од најдобрите странци што играле во Македонија, несомнено е десното крило Реваз Чантурија.

Грузиецот со македонски пасош, кој сезонава беше меѓу најдобрите стрелци во Суперлигата го продолжи договорот со Прилеп.

Чантурија, кој има 38 години, беше предводник на прилепчани во тешките битки од плеј-аутот и му помогна на тимот да избори опстанок.

За десното крило ова ќе биде втора сезона во Прилеп, а претходно беше дел од Металург, Струга, Вардар, Струмица и Пелистер.