Капитенот на одбојкарите до ракометарите: Браќа, среќно во Египет! (ФОТО)

Машката репрезентација на Македонија денеска заминува во Египет, каде од утре ја очекува настапот на Светското првенство.

Нашите репрезентативци се заедно во еден од скопските хотели, а во истиот се и македонските одбојкари, кои во Скопје ги играат квалификациите за Европското првенство.

Капитенот на одбојкарите, Никола Ѓорѓиев, кој важи за голем поддржувач на ракометната репрезентацијимаше средба со Столе Стоилов, Кире Лазаров, Филип Талески…и им посака среќа на настапот во Египет.

Македонија е во група со Шведска, Египет и Чиле .