Капитените Стоилов и Радовиќ ги смируваа Комити и Чкембари, дербито ќе продолжи!

Полицијата во СЦ „Јане Сандански“ имаше полни раце работа по влезот во салата на гостинските навивачи од Битола.

Се случи хаос на теренот, летаа факели и шишиња, гореа пиротехнички средства, и се разгорија страстите меѓу присутните.

Дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер веќе е во прекин петнаесетина минути, ракометарите беа повлечени во соблекувалните..

Први на теренот излегоа капитенот Стојанче Стоилов и Мирко Радовиќ, кои упатија апел до навивачките групи да се смират и да продолжат со коректно навивање за мечот да продолжи непречено.

Прекин на дербито: Чкембари влегоа во сала, Комити влетаа на терен – ракометарите се повлекоа! (ВИДЕО)