Калман не мисли на пензија, ќе игра најмалку уште една сезона

Шведскиот ракометар Јонас Калман, и во наредната сезона ќе го носи дресот на освојувачот на трофејот во Лигата на Европа, Бенфика, пишува „Афтонбладет“.

Раководството на португалскиот тим му понуди нова соработка на Швеѓанецот, а тој се согласи и ќе игра најмалку уште една сезона, иако има 41 година.

Калман потекнува од Сковде, 11 сезони играше за Сиудад Реал и Атлетико Мадрид, а уште седум сезони за унгарскиот ПИК Сегед, пред лани да дојде во Бенфика.

Португалскиот тим ќе одлично дуо на левата крилна позиција, бидејќи го договори и поранешниот француски репрезентативец Арно Бинго.