КАЛЕНДАР ЗА ФЕВРУАРИ: Гледајте го Вардар во ЛШ, Металург и Пелистер во ЛЕ, стартува Купот на Македонија…

По месец јануари, во кој вниманието на јавноста беше насочено кон Египет и репрезентативните настапи, но февруари ќе биде комплетно пополнет со натпревари на клупско ниво.

Ракометарите на Вардар ќе имаат тежок распоред и ќе играат два меча од СЕХА и дури седум од Лигата на шампионите. Првта обврска е вечерва со Нексе, а на крајот на месецот ќе гостува кај Мотор Запоржје во рамките на регионалната лига.

Во ЛШ, „црвено-црните“ ќе играат два пати со Елверум, ПИК Сегед и по еднаш со Порто, ПСЖ и Фленсбург.

Металурзи ќе одат на двојно гостување кај Висла Плоцк, а ќе играат два пати со Чеховски Медведи и по еднаш со Тулуз и Фајверс во Лигата на Европа. Во истото натпреварување, Еурофарм Пелистер ќе игра два пати дома со унгарската Татабања, а дома ќе ги пречека Рајн Некар и ГОГ Гудме. Во СЕХА лигата, битолчани ќе играат дома со Татран и на гости кај Загреб.

На домашна сцена, кон крајот на месецот ќе стартуваат и натпреварите во Купот на Македонија со елиминациските дуели од осминафиналето, а ќе стартуваат и дуелите од плеј-оф и плеј-аут во Првата лига.

01.фев 20:15 Вардар Нексе СЕХА лига, група Б, 2 коло
04.фев 20:45 Порто Вардар Лига на шампиони, 9 коло
06.фев 18:00 Чех. Медведи Металург Лига на Европа, 6 коло
06.фев 20:00 Загреб Еурофарм Пел. СЕХА лига, група А, 2 коло
09.фев 18:45 ПСЖ Вардар Лига на шампиони, 6 коло
09.фев 20:45 Металург Тулуз Лига на Европа, 7 коло
10.фев 17:00 Татабања Еурофарм Пел. Лига на Европа, 7 коло
11.фев 17:00 Еурофарм Пел. Татабања Лига на Европа, 1 коло
11.фев 18:45 Фленсбург Вардар Лига на шампиони, 11 коло
14.фев 18:00 Вардар ПИК Сегед Лига на шампиони, 12 коло
14.фев 20:45 Металург Висла Плоцк Лига на Европа, 2 коло
16.фев 18:45 Висла Плоцк Металург Лига на Европа, 8 коло
16.фев 20:45 Еурофарм Пел. ГОГ Гудме Лига на Европа, 8 коло
18.фев 18:45 ПИК Сегед Вардар Лига на шампиони, 3 коло
20.фев 18:00 Металург Чех. Медведи Лига на Европа, 5 коло
21.фев 16:00 Вардар Елверум Лига на шампиони, 2 коло
23.фев 18:45 Еурофарм Пел. Рајн Некар Лига на Европа, 9 коло
23.фев 20:45 Фајверс Металург Лига на Европа, 9 коло
24.фев 00:00 мажи Куп на Македонија, елим.
25.фев 18:45 Елверум Вардар Лига на шампиони, 13 коло
27.фев 00:00 мажи Прва лига, плеј-оф, 1 коло
27.фев 17:45 Еурофарм Пел. Татран Прешов СЕХА лига, група А, 3 коло
27.фев 20:15 Мотор Запорожје Вардар СЕХА лига, група Б, 1 коло