Како Северец со гол во последните секунди му донесе победа на Нексе против Скјерн (ВИДЕО)

Хрватскиот вицепрвак Нексе имаше победнички старт на европска сцена, односно во Лига на Европа, откако на гостувањето во Данска кај Скјерн триумфираше со 30:29 во рамки од 1. коло од групната фаза.

Избраниците на Бранко Тамше одиграа одличен натпревар против Скјерн и во најголемиот дел од дуелот беа во резултатска предност.

Голот за победа на Нексе го постигна младиот ракометар Томислав Северец, кој имаше успешна реализација преку блокот на домаќините.

По голот на Северец, останаа уште неколку секунди за Скјерн, но домашниот тим не успеа да организира добар напад за да дојде до бод од овој дуел.

Нексе освен со Скјерн, во групната фаза од Лига на Европа ќе игра и против екипите на Спортинг, Алпла Хард, Балатонфуреди и Грањолерс.

ТУКА може да ги погледнете комплетните резултати од вчерашните одиграни натпревари од ЛЕ.