Како изгледа час по македонски јазик на вардарецот Кантегрел (ФОТО)

Францускиот голман Робен Кантегрел се чини дека брзо ќе ги освои симпатиите на навивачите на Вардар и на македонската јавност.

Тој во неколку наврати уште додека беше во Франција покажа дека го учи македонскиот јазик, но и во Скопје не мирува.

Покрај тренинзите и адаптацијата на новото место на живеење, Кантегрел наоѓа време да научи уште по нешто ново.

Французинот ќе биде дел од голманската четворка на Вардар со Борко Ристовски, Марко Кизиќ и Васил Гогов.