Како вардарци го користат слободниот ден – некој на неделно кафе, некој во зоолошка (ФОТО)

Паузата од напорните тренинзи, ракометарите на европскиот шампион Вардар ја користат на различни начини.

Французинот Кантегрел веќе знае каде има најдобро кафе во Скопје, а денеска и дел од другите вардарци го искористија убавото време да отидат на кафе муабет.

Кристијан Дисингер е староседелец во македонската метропола и сигурно им бил водич на некогашниот соиграч од Кил, Марко Вујин, како и на новакот Ловро Јотиќ, кој „Широк Сокак“ го замени со улица Македонија и кејот на Вардар.

Хрватот Анте Гаџа, кој во Скопје дојде со семејството, го искористи слободниот ден за посета на Зоолошката Градина.