Каков голман доби Вардар – погледнете ги одбраните на Кантегрел против Лазаров, Хансен, Ремили…(ВИДЕО)

Европскиот првак Вардар се чини дека доби одличен голман за следната сезона во Французинот Робин Кантегрел.

Поранешниот член на Сесон Рен, кој му помогна на овој тим да се врати во француската елита, иако имаше активен договор, реши да ја прифати понудата од Вардар.

Претходната сезона како член на Понто Комбо, имаше одлични партии против екипите на Нант, ПСЖ, Тулуз и останатите.

Погледнете дел од одбраните на новиот вардаров голман против Кире Лазаров, Микел Хансен, Недим Ремили, Уве Генсхајмер…