Каковски и Сант го срушија ПСЖ 2

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Бобан Каковски, кој во изминатата сезона настапуваше за Радовиш, односно Металург и кој во оваа сезона го има првиот интернационален предизвик, заедно со екипата на Сант приредија изненадување и го совладаа вториот тим на ПСЖ.

Сант во натпревар од петтото коло од третата француска лига успеа да триумфира против непобедливиот ПСЖ 2 со два гола разлика, 24:22.

Иако тимот од Париз на полувреме имаше плус три гола разлика, 12:9, сепак, во вторите 30 минути Сант успеа да направи пресврт и да освои важни бодови, со кои останува во игра за првата позиција на табелата.

Младиот ракометар од Македонија имаше свој придонес во победата против ПСЖ. Битолчанецот одлично ја заврши својата улога во нападот, подели неколку асистенции кон неговите соиграчи и постигна еден гол во мрежата на противникот.