Каде ќе игра Мандалиниќ – Вардар, Еурофарм Пелистер, Мешков Брест, Бундес лига…

Хрватскиот бек Стипе Мандалиниќ по спогодбениот раскин на договорот со Фуксе Берлин стана интересен за многу екипи на стариот континент.

Во прв ред излегоа двата македонски тима – Вардар и Еурофарм Пелистер, но се чини дека битолчани се во предност за негов ангажман во моментов, ако се гледаат шансите на македонските екипи.

Но „фармацевтите“ ќе имаат голем ривал во Мешков Брест, кој остана без Акамбре и Обрадовиќ на таа позиција, па Раул Алонсо гледа големо засилување во Мандалиниќ. Финансиски понудата од Белорусија сигурно е најголема.

Но финансиите за Мандалиниќ нема да ја имаат пресудна улога. Покрај овие три клуба, интерес за хрватскиот шутер постои и од две бундеслигашки екипи, а каква ќе биде одлуката, ќе дознаеме следната седмица, можеби уште утре.