Каде е најпопуларен ракометот низ Европа? Па се знае – во Македонија (ФОТО)

Ракометот е најуспешниот колективен спорт во Македонија, и кога станува збор за клупски, и кога станува збор за репрезентативни достигнувања.

„Team Handball News“ направи анализа за популарноста на овој спорт во сите европски држави.

Македонија заедно со Исланд, Норвешка, Црна Гора и Германија, се земјите во кои ракометот е или прв или втор колективен спорт по популарност.

Рангирањето се правеше врз основа на следните критериуми:

  • број на клубови
  • број на регистрирани ракометари
  • публика на трибини
  • рејтинг на ТВ преноси
  • професионална лига
  • платите на играчите
  • интересот за настапите на репрезентацијата
  • интересот на социјалните мрежи

На фотографијата подолу е мапата со земјите на која може да видите каде колку е популарен ракометот.

сина боја – најмалку спорт број 2
зелена боја – втор или трет најпопуларен спорт
жолта Боја – голем спорт со значајно присуство
кафеава боја – мал спорт со некое мало присуство
црвена боја – многу мал спорт со минорно присуство