Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од групната фаза во женска кадетска конкуренција.
17 екипи беа поделени во четири групи по региони (една со пет екипи и три со четири екипи) и на крајот најдобрите обезбедија место на завршниот турнир.
Од групата А, Стружанка оди на Ф4, од групата Б, првопласирана беше екипата на Деспина од Прилеп.
Првото место во групата В го освои составот на Металург, додека во групата Г, најдобрите беа кадетките на Вардар.
Завршниот турнир кај кадетките ќе се одигра на 23 јуни во среда.
Ф4, кадети, двојки:
Стружанка – Вардар
Деспина – Металург