Кадетите триумфално против Грција

Машката кадетска репрезентација на Македонија го одигра првиот пријателски натпревар од двата закажани со селекцијата на нашиот јужен сосед.

Избраниците на Раде Стојановиќ во Маврово славеа против јужниот сосед со 25-23, откако на полувреме имаа предност со еден гол разлика, 11-10.

Македонија овие натпревари ги користи како подготовка за настапот на ЕХФ шампионатот во Летонија, а селекторот Стојановиќ на првиот меч им даде шанса за настап на сите ракометари.

Ривали на Македонија покрај домаќинот се Турција и Косово, додека во другата група се Швајцарија, Белгија и Луксембург. Само победникот од овој ЕХФ шампионат ќе оди на младинското ЕП и кадетското СП.

Утре овие две селекции ќе одиграат уште еден пријателски натпревар од 12:30 часот.

МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА 25-23 (11-10)
Спортска сала Маврово, судии: Илиевски и Илиевски, делегат: Јанкулоски