ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Кадетите на се или ништо против Црна Гора!

Машката и женската кадетска репрезентација на Македонија денес ќе имаат нови предизвици на Светското, односно Европското првенство.

Кадетите на Македонија на Светското првенство во Хрватска ќе атакуваат на првата победа, откако на стартот беа поразени од Норвешка.

Втор ривал на избраниците на Раде Стојановиќ е незгодната репрезентација на Црна Гора, која во првото коло славеше против Грузија.

Македонија со победа над Црна Гора ќе биде на чекор до пласман во вториот круг на кадетскиот Мундијал.

Кадетките по вчерашниот убедлив пораз од Романија, првата победа ќе ја бараат против Унгарија.

По завршувањето на дуелите од второто коло на Светското првенство, како и на Европското првенство, ќе бидат познати речиси сите патници во главната фаза.

Распоред на денешните натпревари на Светското кадетско првенство:

13:30 МЕКСИКО – ДАНСКА

13:30 НОВ ЗЕЛАНД – УНГАРИЈА

15:30 АЛЖИР – ПОРТУГАЛИЈА

15:30 АВСТРИЈА – ЧИЛЕ

17:30 ГРУЗИЈА – НОРВЕШКА

17:30 СЛОВЕНИЈА – МАРОКО

19:30 ЦРНА ГОРА – МАКЕДОНИЈА

19:30 ХРВАТСКА – РУАНДА

Распоред на денешните натпревари на Европското кадетско првенство:

13:30 МАКЕДОНИЈА – УНГАРИЈА

13:30 СРБИЈА – ХРВАТСКА

15:45 ФРАНЦИЈА – РОМАНИЈА

15:45 ШВЕДСКА – ШВАЈЦАРИЈА

18:00 ЧЕШКА – ЦРНА ГОРА

18:00 ХОЛАНДИЈА – ДАНСКА

20:15 ИСЛАНД – ГЕРМАНИЈА

20:15 ПОРТУГАЛИЈА – НОРВЕШКА