Кадетен со супер засилување против Еурофарм Пелистер

Еден од противниците на Еурофам Пелистер во Лига Европа, Кадетен Шафхаузен за престојните дуели од европската и домашната сцена се засилува со Унгарецот, Донат Барток.

Барток во Швајцарија пристигнува од второпласираната екипа во шпанската лига, Бидасоа Ирун. Иако имаше одлични настапи за Бидасоа, сепак се одлучи да биде блиску до својата земја.

24-годишниот ракометар од Унгарија игра на позиција десен бек и ќе биде замена за капитенот на Кадетен, Дмитриј Кутел на кој му беше дијагностициран рак на лимфните жлезди.

Младиот Унгарец беше дел од Лемго и Татабања, а има зад своето име и 12 меѓународни настапи за селекцијата на Унгарија.