И Флензбург се израдува на победа во Лигата на шампионите

Екипата на Флензбург одработи одлична средба против Мотор и дојде до првата победа победа сезонава во Групата Б од Лигата на шампионите со 34:27.

Флензбург го реши дуелот уште во првите 30 минути така што во продолжението требаше само да се доврши задачата и да се освојат бодовите. Мотор тргна подобро во оваа средба и направи предност од два гола. Имаше 3:1 и 6:4, но потоа дојде до пресврт и во 19. минута резултатот беше 10:7 во корист на Флензбург.

Тука почна целосна контрола на играта во која Флензбург стигна и до плус четири, 12:8 (22 минута), но на одмор се замина со 13:11.

Во вториот дел гостите се доближија на еден погодок после пет минути игра, но тоа беше сè. Откако екипата од Германија успеа да зголеми одново и да стигне и до шест разлика до крајот се одржуваше водството, па на крајот беше највисоката разлика од седум гола и конечни 34:27.

Хампус Ване со осум и Тејтур Орн Ејнарсон со седум гола беа најефикасните во редовите на победникот, каде што одлична вечер имаше и голманот Кевин Мелер со 14 интервенции. Во тимот на Мотор, Генадиј Комок имаше 11 одбрани, додека со седум гола Вјачаслав Бокан беше најефикасниот.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140