И Стоилов ја запеа „Доста време ерген одев“ (ФОТО)

Капитенот на Вардар, Столе Стоилов од денеска повеќе не е ерген. Тој стави потпис на најважниот животен договор со Деница Огненоска.

За малата забава на двајцата млади која се случи денеска во Скопје, се пофалија нивните најблиски на социјалните мрежи.

Столе и Деница чекаат принова, а веста дека ќе станат родители ја објавија во текот на зимата.

Пред да стапат во брак беа во врска скоро една година.