И пркосат на короната – започнаа првите шампионати низ Европа

Иако стартот на многу шампионати низ Европа е одложен или поместен за средината на септември или почеток на октомври, во две држави веќе се игра ракомет.

Пред два дена започнаа женските шампионати во Данска и Русија.

Во Данска имаше дерби натпревар меѓу учесниците во Лигата на шампионите, Оденсе и Есбјерг, на кој убедливо триумфираа гостинките со 22-32, иако беа со десет ракометарки во ростерот.

Во Русија, пак освојувачот на Купот, Ростов Дон славеше на гостувањето кај тимот Звезда Звенигород со 24-32.

Во текот на утрешниот ден ќе стартуваат и машките шампионати во Норвешка и Белорусија.