И плеј-аутот во Првата лига со три и пол месеци надигрување

Екипите кои се најдоа во плеј-аут лигата од Првата машка лига годинава се борат за опстанок бидејќи е голема веројатноста следната сезона да има и Втора машка лига.

Поради тоа секој натпревар е од голема важност, а натпреварите од Првата машка лига стартуваат во последниот викенд од февруари. Исто како и дуелите од плеј-офот и во плеј-аутот термините се исти.

Сезоната ќе финишира во вториот викенд од јуни така што ќе има три и пол месеци натпревари.

Распоредот и датумите можете да ги погледнете во продолжение.