И најдобриите грешат – Линдберг изведе седмерец како да му е првпат (ВИДЕО)

Ракометарите на Фуксе Берлин во натпревар од Бундес лигата во 4. коло имаа лесна задача на гостински терен против Минден.

Фуксе Берлин забележа убедлив триумф од 31:25 и моментално стана лидер во најсилната лига на светот.

Сепак, натпреварот го одбележа ракометарот на Фуксе Берлин, Ханс Линберг, кој имаше незгодно промашување на теренот при изведување на пенал во 46. минута.

Искусниот ракометар при изведување на седмерецот се сплетка на теренот, а неговиот потег предизвика насмевки кај ракометните фанови…