И Загреб и Нексе се вратија во домашното првенство од септември

Покрај Вардар и Еурофарм Пелистер во домашното првенство уште од самиот негов почеток се вратија уште две екипи кои настапуваат во СЕХА лигата, а станува збор за тимовите на ППД Загреб и Нексе.

Со оглед на намалениот број на натпревари во СЕХА и практиката која станува и во другите земји, тимовите од Хрватска исто така влегуваат во домашното натпреварување од септември што речиси една деценија не беше случај.

Нексе почнува денеска против Бјеловар на гостински терен додека шампионот Загреб својот прв натпревар ќе го има утре на гостувањето кај Рудар.

Шампионатот на Хрватска се игра во две групи. Во Групата А тимот на Загреб се наоѓа заедно со Рудар, Умаг, Спачва, Карловац, Пореч, Дубрава и Горица. Нексе е носител на Групата Б каде што се и составите на Вараждин, Трогир, Дубровник, Мославина, Бјеловар, Сесвете и Замет.