ИХФ со финансиска помош – клубовите добиваат дупла компензација за играчите на СП, а федерациите по 23.000 евра

Светската ракометна федерација и Претседателот Хасан Мустафа, решија да доделуваат финансиска помош на федерации и на клубовите чии играчи ќе бидат дел од Мундијалите во 2021 година.

Извршниот комитет на ИХФ одлучи на сите федерации чии репрезентации играа квалификации или ќе играат на СП во Египет за мажи и на СП во Шпанија за жени, да им исплати квалификациски бонус (околу 23.000 евра).

ИХФ ќе им помогне на сите федерации во котизацијата за настап на Мундијалите и ќе ја зголеми за 50% компензацијата на клубовите што ја добиваат за настап на нивните ракометар(к)и и сега тие ќе изнесуваат околу 600 евра (по играч по ден).

Покрај ова, ИХФ ќе ги помогне финансиски сите федерации кои ќе имаат големи загуби од пандемијата.