ИХФ потврди: Македонија ќе биде домаќин на најдобрите кадетки во светот!

Како и што се најавуваше Македонија ќе биде домаќин на Светското првенство кое требаше да се игра во Грузија.

Македонија ќе ги собере најдобрите кадетки откако Грузија се откажа поради политичката ситуација во тој регион. Најавите од претходно дека домаќинството ќе ни припадне нас, денес беа потврдени од страна на ИХФ.

Исто така е познато дека натпреварите на турнирот ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“, во СЦ „Јане Сандански“ и во помалата сала во „Јане“.

Првенството ќе се игра во период од 30. јули до 10. август. Македонија со титулата на кадетскиот ЕХФ шампионат во Литванија, го обезбеди своето место на Мунијалот. На СП ќе има првпат 32 репрезентации.