ИХФ и Египет ги почестија фановите со убава вест

На две недели до почетокот на Светското првенство во Египет, организаторот на натпреварувањето и ИХФ објавија убава вест за сите навивачи.

Од денеска билетарниците се отворени така што сите кои сакаат да присуствуваат уште на отворањето ќе можат да си обезбедат влезници за стартот на Мундијалот и секако за натпреварите кои ќе следат потоа.

Светското првенство во Египет ќе се одигра пред публика, а присуството на трибините ќе биде според протоколите за пандемијата со Ковид 19.

Покрај тоа што ќе може да присуствува публиката, на отворањето на Мундијалот на 13 јануари кога ќе биде одигран натпреварот меѓу Египет и Чиле присутен ќе биде и Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах.

Ова се убави вести така што ракометарите на 32 репрезентации ќе можат од 13 до 31 јануари да играат пред публика и колку-толку да почувствуваат атмосфера на теренот.