Инцидент во Кичево: Нападнати судии и делегат – полицијата приведувала гледачи

Натпревар од машката кадетската лига што требаше да се одигра денеска во Кичево не го дочека крајот, а поради хаосот на полувреме морала да интервенира и полицијата. Средбата била прекината при резултат 8-6 за гостите, а биле приведени и лица кои влегле на терен и ги нападнале судиите и делегатот.

Инцидентот се случил на полувремето кога гостите од Прилеп воделе со 8-6. Незадоволни навивачи влегле во терен и физички го нападнале делегатот, а се обиделе да се пресметаат и во судиите. Полицијата брзо интервенирала, и највоинствените што влегле на терен ги привела во полиција.

Делегатот од Охрид, Славчо Ристевски бил удрен, а удари добиле и судијата Марио Трајковски. Единствено Наташа Глигоровска куртулила од напад, но затоа вербално сите биле „испочитувани со целото семејство и роднини“. Службените лица потоа во придружба на полиција ја напуштиле салата и градот.

Претходно уште во 26 минута, тренерот на домашната екипа Зоран Андрески добил син и црвен картон поради закани кон службените лица. Кулминацијата се случила на полувреме. Во Кичево и лани пролетта имаше инцидент на натпревар, но во меч од Прва лига.

Двете екипи се дел од Група Б од кадетската машка лига. Во конкуренција на 8 екипи н аполусезона, Асови се н апретпоследното место на табелата, а Прилеп е четвртопласиран. Дербито се игра во Охрид меѓу домашните и кадетите на Струга.