Им стана навика – вардарци повторно се тестираа на Ковид-19 (ФОТО)

Тестовите на коронавирусот на сите спортски екипи веќе им станаа како дел од секојдневието.

Ракометарите на Вардар покрај тоа што се тестираа пред поаѓањето за Задар, истото го направија и денеска.

Пред враќањето во македонската престолнина со автобус, вардарци мора да имаат негативен тест при патувањето низ Србија не постар од 72 часа, па денеска ја завршија и таа обврска.

Вечерва ќе имаат тренинг, а утре со почеток во 20:30 часот ќе се игра натпреварот против Веспрем во големото финале на СЕХА лигата.