Им нема рамни на „мечките“ во Русија – ја декласираа ЦСКА за 20. титула по ред!

Ракометарите на Чеховски Медведи ја освоија домашната титула во Русија откако во втората пресметка беа убедливи и славеа над ЦСКА Москва со 11 гола разлика, 32:21.

Иако се очекуваше поголем отпор од московската екипа, Чеховски медведи на многу лесен начин дојде до титулата.

На првиот дуел одигран во Москва, Чеховски Медведи исто така триумфираше, но тогаш победата беше со помала разлика, 29:24.

„Мечките“ од Чехов оваа сезона ја освоија двојната круна

Третото место во домашниот шампионат го освои екипата на Ставропол, а на четвртата позиција заврши екипата на СГАУ Саратов. Сите четири екипи обезбедија билет за учество на европска сцена во новата сезона.