Им даде 19 гола на Ѓер и Мец и стана МВП на завршниот турнир

Ракометарките на Вајперс Кристијансанд ја одбранија титулата европски шампион откако славеа во финалето на Ф4 турнирот во Лигата на шампиони против Ѓер со 33:31.

Вајперс Кристијансад на Ф4 турнирот во Будимпешта беше предводен од репрезентативката на Чешка, Маркета Јерабкова, која беше незапирлива на теренот.

Јерабкова на Ф4 турнирот беше стрелец на 19 погодоци, од кои 12 во полуфиналниот дуел против Мец и седум погодоци во големото финале против Ѓер.

26-годишната ракометарка заслужено беше прогласена за МВП на овогодишниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите кај дамите.

Левиот бек сезоната во старо-новиот европски шампион ја заврши на најдобар можен начин, со дупла круна во Норвешка, шампионската титула во најквалитетното европско натпреварување и МВП наградата за најкорисен играч на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Вајперс ја одбрани титулата – го тресна Ѓер среде Будимпешта