Има 50 години, а собира по 20 одбрани на натпревар

Ракометарката на тимот на САМ Монкутант, голманката Кармен Букур поставува рекорди во женскиот ракомет во Франција бидејќи планира и понатаму да остане на терените иако за неполни два месеци ќе има точно 50 години.

Се работи за голманка која во својата кариера стоела и на голот на Рапид Букурешт и Мец и играла и во Лигата на шампионите. Долго била на врвно ниво и била меѓу подобрите ракометарки во тимовите каде што настапувала.

Таа сезонаа покажа дека може да биде и понатаму одлична, а пред паузата поради коронавирусот имаше натпревар на кој беше прогласена за најдобра. Кармен Букур имаше натпревар на кој забележа 22 интервенции со што помогна на својот тим да се избори за победа.

„Се чувствувам многу добро и не се чувствуваам воопшто заморена. Сметав дека можам да играм уште и драго ми е што сум уште на терените“, вели Букур.

Нејзината улога во тимот била огромна бидејќи успеала со своето искуствода им помогне на колешките, кои се помлади.

„Ќе дадам сè најдобро од мене за да успееме да го одржиме високото ниво. Не планирам да се повлекувам туку ќе играм уште. Годините не се проблем. Важно е сите да останеме во добра здравствена состојба“, вели Кармен Букур.

Таа планира и во својата 51 година од животот да брани и тоа ќе биде вистински рекорд кај ракометарките.