Има еуфорија, нема пренос: Хрватското дерби меѓу Загреб и Нексе нема да се емитува на ТВ!

Ракометарите на Загреб денеска од 18 часот се домаќини на Нексе во дербито на Хрватска во борба за шампионската титула.

Вообичаено сите вакви натпреари ги пренесуваат телевизиите во Хрватска, но овој пат тоа нема да биде случај.

Медиумите беа заинтересирани зошто оваа дерби во најнеизвесната сезона во последните години во Хрватска нема на има ТВ пренос, но не добија вистински одговор.

„Изјави од играчите и прес конференцијата за новинари не се ограничени со нашите права туку претставуваат стандардна процедура која се договоара со организаторот на натпреварот. Снимање на овој натпревар не сме во можност да овозможиме“, изјавија од куќата која ги има правата за 24sata.hr.

До крај на првенството се очекува голема неизвесност откако Нексе му го нанесе првиот пораз на Загреб уште од 2007 година и внесе голема неизвесност во првенството.

Двете екипи имаат по 16 бода на првите две позиции и овој дуел ќе го реши шампионот на Хрватска.