Имаше комбинација да дојде во Вардар, но заминува во катарскиот Ал Духаил

Десниот бек Анхел Ернандез иако имаше активен договор на уште една сезона со португалскиот Порто, сепак реши да го продолжи за уште четири односно до 2025 година.

Ернандез сепак ќе биде на позајмица следната сезона во тимот на Ал Духаил од Катар, иако беше во комбинација тоа да биде во европскиот шампион Вардар.

Во Порто се враќа младиот Диого Силва, па за Ернандез немаше да има голем простор за игра.

25-годишниот кубански десен бек лани одигра 27 натпревари за Порто и даде 63 погодоци, а во Португалија дојде од Матанзас во 2015 година.