Имаше комбинација да дојдат во Вардар, а сега ќе играат во Катар и Јапонија

Левиот и десниот бек на португалскиот првак Порто, кубанските интернационалци Јоан Бланко Баласкез (25) и Анхел Ернандез Зулуета (26), иако имаше комбинација да бидат позајмени во европскиот шампион Вардар, сепак ќе играат во Катар и Јапонија.

Баласкез има потпишано договор со шпанскиот Адемар Леон од сезоната 2021/22, а Порто бараше начин да се ослободи од него, па го праќа на позајмица во јапонскиот тим Тојота Госеи.

Ернандез Зулуета го продолжи договорот со 2025 година со Порто, но сепак португалскиот тим го праќа на позајмица и следната сезона ќе игра во катарскиот Aл Духаил.

Во меѓувреме Вардар на лев бек го донесе Филип Талески, а ги ангажираше и десните бекови Марко Вујин и Јосип Векиќ.