„Имавме клуб-репрезентација, а по него немавме ништо“

Секогаш актуелна тема е, независно дали се работи за мажи или жени, дали треба да постои клуб-репрезентација.

Не секогаш ваквите проекти се покажале успешни само на краток рок, а со тоа се согласува и Јулијана Црвенкоска, која своевремено играше во еден таков клуб – Кометал Ѓорче Петров.

„Ако се вратиме наназад и анализираме, пет-шест години по таа клуб-репрезентација немавме ништо во женскиот ракомет. Сега за да се направи такво нешто потребен е добар финансиер, но и во таков случај ќе треба да се игра на силни турнири или во Европа, но на крајот на денот одново ќе треба да се игра и домашната лига. Не знам и тоа колку би било решение, се е дискутабилно. Можеби ќе биде краткотрајно успешно, па потоа би немале ништо.“

Целосното интервју со Црвенкоска може да го прочитате во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ЈУЛИЈАНА ЦРВЕНКОСКА: Импулсот за промена во женскиот ракомет е во овие генерации!