„Или тренирај како што реков или оди пиј кафе и кока кола“

Еден од најдобрите играчи од Србија и член на Веспрем, Петар Ненадиќ сподели интересна анегдота со ракометните фанови од времето додека беше во германскиот Фуксе Берлин.

Се работи за случка со исландскиот тренер Дагур Сигурдсон на почетокот на зимските подготовики во Фуксе Берлин додека Ненадиќ играше во бундеслигашот. Тој смета дека овој момент е клучниот за понатамошниот тек на неговата кариера.

„Научив многу во Данска, а втора важна одлука беше да заминам во Бундес лигата. Се сеќавам беше полусезона, започнавме со подготовки некаде 5-6 јануари и требаше да започне тренингот. Ме повика тренерот Дагур Сигурдсон и со весникот кој го држеше ме удри по главата и рече. Имаш две опции, да започнеш да тренираш како што реков или да си одиш во Белград и да пиеш кафе и кока кола. Ми рече да тренирам и да дојдам попладне и да му кажам што сум одлучил. Отидов тоа попладне кај него и му реков „одиме по твое“, рече Ненадиќ.

Петар Ненадиќ додека настапуваше за Фуксе Берлин го освои купот на Германија, ЕХФ купот и два пати Супер глоуб, а беше и најдобар стрелец во Бундес лигата.