Илиќ: Бев осум пати како играч на Ф4, но за прв пат како тренер е нешто посебно

Момир Илиќ ќе го предводи Веспрем на завршниот турнир во Лигата на шампионите и ќе се обиде да ја донесе првата титула европски шампион за унгарскиот гигант.

Илиќ пред почеток на завршниот турнир и полуфиналниот дуел против Келце ги истакна првите впечатоци и очекувања од натпреварот.

„Кога станав тренер на Веспрем годинава целта беше само да ја минеме групната фаза, а сега сме на завршниот турнир. Ова ме прави среќен. Бев тука осум пати како играч, но нешто посебно е да се вратам тука за првпат како тренер“, изјави Илиќ.

Полуфиналниот дуел помеѓу Келце и Веспрем е на програмата денеска со почеток во 15:15 часот.