Изненадување на годината во хрватскиот ракомет – Нексе поразен од Сесвете!

Ова е втор пат во помалку од една година Нексе да изгуби од Сeсвете. Тоа се единствените два пораз, со исклучок на ППД Загреб во Премиер лигата.

Изненадувањето на годината во хрватскиот ракомет го видовме во Сeсвете. Сeсвете со резултат 30:28 го победи Нексе. Втората екипа во Хрватска и екипата која го обезбеди вториот круг во Европската лига втор пат за помалку од една година изгуби во предградието на Загреб.

Од почетокот на натпреварот Сесвете го контролираше натпреварот и на полувреме водеа со два гола разлика. На почетокот на второто полувреме изгледаше како Нексе да се враќа во игра и дека ќе дојдат до уште еден рутински триумф во Премиер лигата. Сепак, противникот успеа да се врати и да дојде до неверојатна победа.

Треба да се каже дека Нексе играше во полн состав, а репрезентативците Халил Јагањац и Мартин Јелиниќ постигнаа по четири гола. Најдобри во редовите на победничкиот тим беа Иван Думеничиќ и Крешмир Крешиќ со по седум голови.