Извлечени групите за африканското првенство, најдобрите пет одат на СП

Денес беа извлечени групите за 25-то издание на африканското првенство во машка конкуренција, кое ќе се одржува во периодот од 9 до 19 јули во Египет.

За потсетување, домаќин на Африканското првенство требаше да биде Мароко, но поради политичкиот конфликт, кој го има Мароко со Алжир, беше предложено и прифатено Египет да биде домаќин на најдобрите африкански репрезентации.

На Африканското првенство ќе учествуваат 15 селекции поделени во четири групи. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во четвртфиналето, додека на крајот, репрезентациите кои што ќе завршат од 1 до 5 место, ќе обезбедат виза за Светското првенство 2023 година.

Поранешниот голман на Еурофарм Пелистер, Карим Хендави, со репрезентацијата на Египет се актуелни бранители на освоената титула пред две година. Најмногу златни медали на Африканското првенство има освоено репрезентацијата на Тунис, вкупно 10, а по седум златни медали имаат освоено репрезентациите на Египет и Алжир.

Група А: Египет, Камерун, Мароко

Група Б: Алжир, Габон, Кенија, Гвинеја

Група Ц: Тунис, Капе Верде, Нигерија

Група Д: Ангола, ДР Конго, Сенегал, Замбија