Извлечени групите во младинските лиги, ќе се игра по нов систем

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за младинските лиги во машка и женска конкуренција.

Кај момците, ќе се игра во две групи Исток и Запад, каде што екипите што не се од Скопје се однапред поделени територијално, а дополнително беа извлечени по три (од шесте) скопски екипи кои ќе бидат дел од двете групи.

Пријавени се вкупно 17 екипи, а по одигрувањето на групната фаза, двете најдобри од групите ќе обезбедат место на Ф4, каде ќе се разигрува по принципот 1А – 2Б и 1Б – 2А.

Младинска лига, мажи, 2022/23:

група А (Запад)
Голден Арт Аеродром
Пролет
Бутел Скопје
Еурофарм Пелистер 2
Еурофарм Пелистер
Филип Ис Прилеп
Охрид
Струга
Прилеп

група Б (Исток)
Мулти Есенс
Јуниор КВ
Македонија ЃП
Куманово
Текстилец
Овче Поле
Младост Богданци
Тиквеш

Кај дамите се пријавени девет екипи, кои ќе разигруваат во две групи. Потоа следува четвртфинале во кој ќе се игра по принципот 1А – 4Б, 2А – 3Б…а пласман на Ф4, ќе обезбедат четирите победници

Младинска лига, жени, 2022/23:

група А (Запад)
Сани
Стружанка
Вардар
Илинден Вардар
Шампион

група Б (Исток)
Делчево Вардар
Ѓорче Петров
Куманово
Металург