Избран идеалниот тим на руското првенство – двајца екс вардарци меѓу најдобрите

Ракометната федерација на Русија ги објави најдобрите играчи и тренер за изминатата сезона 2022/23.

На гласањето спроведено од руската ракометна куќа, учествуваа тренерите на тимовите од рускиот шампионат, спортски новинари и ракометните љубители.

Најголем број признанија завршија кај новиот шампион ЦСКА Москва, дури седум. Меѓу најдобрите ракометари во рускиот шампионат место имаше за двајца екс членови на Вардар.

Тоа се десното крило Даниел Шишкарев и десниот бек Дмитри Киселев. Двајцата ракометари беа избарани за најдобри на своите позиции.

Идеален тим на рускиот шампионат за сезона 2022/23:

голман – Дмитри Кузнецов (ЦСКА)

лево крило – Дмитри Јонов (ЦСКА)

пикер – Александар Ермаков (Чеховски Медведи)

десно крило – Данил Шишкарев (ЦСКА)

лев бек и МВП – Јулијан Гирик (ЦСКА)

среден бек – Артем Кулак (Чеховски Медведи)

десен бек – Дмитри Киселев (ЦСКА)

дефанзивец – Виктор Зајцев (Пермски Медведи)

откритие на сезоната – Роман Шишков (Саратов)

тренер – Олег Ходков (ЦСКА)