Гласањето ќе биде отворено до 30 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор за секоја позиција, како и за најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона. Нашите пријатели од Jamieson го поддржаа изборот.
По завршувањето на есенската полусезона, односно 16 кола од регуларниот дел од Супер машката лига, го избираме идеалниот тим и МВП на полусезоната.
Тимот на 24Ракомет, како единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот поддржан од Jamieson ви овозможува да гласате за најдобрите ракометари во првиот дел од сезоната.
Ние одбравме по петмина играчи на секоја позиција од кои вие можете да одберете по еден и да го дадете својот глас.
Вие со гласање ќе изберете кои играчи ќе бидат најдобри и ќе влезат во идеалниот тим. Ќе го избереме и МВП играчот на сезоната.
Во категоријата лево крило се номинирани:
ДАВОР ПАЛЕВСКИ (Пролет) – Тој беше најефикасниот играч на Пролет во есенскиот дел и ракометар кој често беше во потесен избор за место во тимот на колото на својата позиција.
БОЈАН МАЏОВСКИ (Еурофарм Пелистер) – Покажа добра форма и во Супер машката лига и во Лигата на Европа. Еден е од ракометарите кои редовно се на ниво на задачата.
ЦВЕТАН КУЗМАНОСКИ (Еурофарм Пелистер 2) – Имаше неколку одлични партии со кои директно влијаеше во победите на вториот тим од Битола. Тој е и меѓу поефикасните во лигата.
ТИМУР ДИБИРОВ (Вардар) – На секој од натпреварите на кои настапи беше главно меѓу најефикасните. Ова се однесува и за средбите во Супер машката лига и во Лигата на шампионите.
МИРКО МАЈИЌ (Бутел Скопје) – Лидер на тимот на Бутел Скопје. Со своето искуство секогаш е меѓу играчите кои имаат најголем придонес на теренот.
Гласањето ќе биде отворено до 30 јануари до 12 часот, а секој читател може да го даде гласот за еден избор за секоја позиција, како и за најдобар одбранбен ракометар, млада надеж и тренер кој дал најголем придонес оваа полусезона.