ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA – ПИВОТ

По завршувањето на плеј-оф и плеј-аут фазата во Супер машката лига, веќе традиционално тимот на 24Ракомет заедно со нашите партнери, медиумски пријатели и публиката го избираме идеалниот тим на сезоната, оние најдобри ракометари кои ја одбележаа оваа сезона во македонската лига.

Единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот, 24Ракомет ќе ви овозможи и Вам, публиката, да гласате за најдобрите ракометари во сезоната, а вашите гласови ќе тежат 1/3 од конечниот избор на најдобите оваа ракометна 2021/2022.

Номинирани се по тројца ракометари на секоја позиција од кои вие можете да го одберете нaјдобриот. Покрај позицииите голман, лево и десно крило, лев, среден и десен бек, пивот, има уште две категории во изборот на 24Ракомет. Ќе можете да гласате и за тренер на сезоната во Суперлигата, како и за млад играч на сезоната.

Гласајте и изберете ги играчите кои беа најдобри оваа сезона и ќе влезат во идеалниот тим.

*Покрај гласовите од читателите (33% од конечниот збир), за идеалниот тим ќе гласаат и новинарите од македонските медиуми (33% од конечниот збир), како и тимот на 24Ракомет (34% од конечниот збир). Конечниот избор на најдобри ракометари за оваа сезона ќе го добиеме како збир на гласови од сите три сегменти на анкетата на 21 јуни.

Гласањето за читателите се затвора на 20.06.2022 во 12:00 часот.

Пивот на сезоната: 

Михаил Аларов (Пролет) – Кружниот напаѓач на Пролет, иако не играше на сите суперлигашки натпревари, беше меѓу најдобрите поединци во составот што играше плеј-аут оваа сезона.

Владимир Јевтиќ (Бутел Скопје) – Српскиот пивот беше меѓу најдобрите поединци и стрелци во составот на Бутел Скопје, кој оваа сезона направи историски резултат и го освои третото место во Суперлигата.

Стојанче Стоилов (Вардар) – Капитенот на македонскиот шампион не играше на сите натпревари, но кога играше секогаш беше меѓу најдобрите поединци, а на одлучувачките натпревари за титула, исто така беше важна алка во составот.

Гласајте на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA (АНКЕТА)