ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA – ТРЕНЕР

По завршувањето на плеј-оф и плеј-аут фазата во Супер машката лига, веќе традиционално тимот на 24Ракомет заедно со нашите партнери, медиумски пријатели и публиката го избираме идеалниот тим на сезоната, оние најдобри ракометари кои ја одбележаа оваа сезона во македонската лига.

Единствениот специјализиран спортски портал посветен на ракометот, 24Ракомет ќе ви овозможи и Вам, публиката, да гласате за најдобрите ракометари во сезоната, а вашите гласови ќе тежат 1/3 од конечниот избор на најдобите оваа ракометна 2021/2022.

Номинирани се по тројца ракометари на секоја позиција од кои вие можете да го одберете нaјдобриот. Покрај позицииите голман, лево и десно крило, лев, среден и десен бек, пивот, има уште две категории во изборот на 24Ракомет. Ќе можете да гласате и за тренер на сезоната во Суперлигата, како и за млад играч на сезоната.

Гласајте и изберете ги играчите кои беа најдобри оваа сезона и ќе влезат во идеалниот тим.

*Покрај гласовите од читателите (33% од конечниот збир), за идеалниот тим ќе гласаат и новинарите од македонските медиуми (33% од конечниот збир), како и тимот на 24Ракомет (34% од конечниот збир). Конечниот избор на најдобри ракометари за оваа сезона ќе го добиеме како збир на гласови од сите три сегменти на анкетата на 21 јуни.

Гласањето за читателите се затвора на 20.06.2022 во 12:00 часот.

Тренер на сезоната: 

Александар Јовиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Со младиот тим од Битола направи одличен успех и обезбеди место во европските купови. Може да се пофали со триумф над македонскиот шампион Вардар.

Кристијан Грчевски (Бутел Скопје) – Младиот стратег е заслужен за најголемиот клупски успех досега на Бутел Скопје. Тимот на Грчевски заврши на третото место веднаш зад Вардар и Еурофарм Пелистер.

Давид Дејвис (Вардар) – Шпанскиот стратег по доаѓањето на местото на Вујовиќ успеа да му донесе двојна круна на Вардар, иако „црвено-црниот“ клуб не беше во најдобра позиција пред решавачките битки.

Гласајте на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA (АНКЕТА)